Членки и матични сојузи

Сојуз на студенти при Технички факултет Битола
Сојуз на студенти при Педагошки факултет Битола
Сојуз на студенти при Биотехнички факултет Битола
Сојуз на студенти при Факултет за туризам и угостителство Охрид
Сојуз на студенти при Висока медицинска школа Битола

 

 

 

 

 

 

Сојуз на студенти при Економски факултет

Соjузот на студенти при Економски факултет Прилеп функционира уште од 1969 година првенствено како "Основна Организациjа на Соjузот на Социjалистичката Младина на Македониjа при Вишата Економска школа - Прилеп" (ООССММ при ВЕШ - Прилеп), а денес со самото прераснување на нашата Високо-образовна институциjа во Економски Факултет - Прилеп, а и во согласност со наjновите законски одредби работи како самостоjна организациjа соодветно институционализирана во скоро сите структури на факултетот односно Универзитетот и претставува независна, непартиска невладина организациjа, во коjа студентите се здружуваат и организираат независно од нивната верска, национална, полова припадност и нивните религиозни и политички убедувања, заради соработка и застапување на заедничките интереси пред академските институции, органите на власта, jавноста и jавното мислење.
Органи и тела на Соjузот на студенти при Економски факултет Прилеп се:
-Собрание
-Извршен одбор
-Претседател
-Сектори

Приоритетни цели и задачи на Соjузот се:
- Влиjание на законодавното регулирање на барањата и потребите на студентите;
- Партиципациjа во работата на органите и телата на Соjузот на студенти при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола, факултетот односно Универзитетот;
- Квалитативни промени во воспитно-образовниот процес;
- Подобрување на студентскиот стандард;
- Поттикнување и спроведување на заеднички активности и манифестации, како и евентуално формирање на заеднички институции;
- Развивање на културата и задоволување на културните потреби на студентите, спортско - рекреативните деjности, научно - истражувачкото творештво, здравствено - хуманитарни, едукативни и други опшествено - корисни активности.
Меѓу поважните активности на оваа организациjа се:
- Организирање на Бруцошка вечер,
- Организирање на Апсолвентска вечер и Апсолвентска екскурзиjа,
- Учество на Македонските Студентски Игри,
- Организирање на предавање на тема "Заштита од СИДА"- прва недела од Декември,
- Организирање на крводарителски акции и еколошки акции и активности,
- Одбележување на 11.Декември - Денот на студентите на Македониjа,
- Организирање на студентски натпревари и турнири во повеќе спортски дисциплини,
- Емитување наСтудентска радио емисиjа,
- Соработка со универзитетското гласило "Студент",
- Организирање на предавања, трибини и семинари од едукативен карктер,
- Соработка со студентската организациjа "АИЕСЕЦ" - Прилеп,
- Соработка со НВО - и,
- И др. активности.