ПРАШАЈ ГО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ !

Согласно новиот принцип на работа, а во насока на остварување на што поголема комуникација со студентите, Претседателот на ССУКО – Дарио Попоски, овозможи линк преку кој сите заинтересирани студенти можат да стапат во непосреден контакт и да поставуваат прашања кои се однесуваат на се она што е поврзано со функционирањето на Сојузот на студенти при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и за информации за Универзитетот воопшто.

E-mail адреса: student.president@uklo.edu.mk

На сите поставени прашања, Претседателот ќе одговара еднаш неделно (на крајот од неделата).

За појаснување на процедурата слободно можете да контактирате со вебмастерот на следната адреса: vasko.sivakov@uklo.edu.mk

НАПОМЕНА: Сите e-mail адреси од кои ќе бидат упатени навредливи, заканувачки и слични пораки ќе бидат блокирани за натамошна комуникација, а прашањата наведени во истите нема да бидат земени во предвид.