СТАТУТ НА СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ

Во насока на подобра информираност на студентите од Универзитетот во Битола – членови на Соjузот на студенти при Универзитет "Св.Климент Охридски" – Битола (ССУКО), го нудиме Статутот на ССУКО, односно извадоци од истиот за кои цениме дека во суштина го обjаснуваат функционирањето на Соjузот:

Сојузот има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Уставот на Република Македонија, Законот за здруженија на граѓани и фондации и овој Статут.

Во Статутот се регулирани сите права, обврски и одговорности на Сојуз на студенти при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Член 1

Соjузот на студенти при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола (во понатамошниот текст Соjузот) е неполитички општествена организациjа во коjа студентите доброволно се здружуваат и орагнизираат независно од нивната национална , верска , полова припадност и нивните политички и верски убедувања заради меѓусебна соработка и застапување на заедничките интереси пред академските институции , органите на Република Македониjа , jавноста и jавното мислење.

Член 2

Називот на организациjата е: Соjуз на студенти при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола.

Областите на негово работење се регулирани со член 8.

Член 8

Цели и задачи на Соjузот се :
- влиjание на законодавното регулирање на прашања и интереси на студентите
- подобрување на студентскиот стандард
- квалитетни промени во воспитно образовниот процес

- поттикнување и спроведување на заедничките активности и манифестаcии како и евентуално формирање на заедничките институции
- вршење на стопанска деjност

- залагање за развивање и задоволување на културните потреби на студентите , спортско-рекреативни деjности , научно-техничко творештво , здравствените , хуманитарните , туристичките и др. општествени корисни активности.

Член 12

Членството во Соjузот може да биде колективно и индивидуално.

 

1. КОЛЕКТИВНО ЧЛЕНСТВО

а) Конститутивно членство

Член 13
Конститутивното членство во Соjузот остваруваат студентските организации при факултетите и вишите школи , членки на Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола.

Член 17
Конститутивни членки на Соjузот се :
1. Соjуз на студенти при Технички факултет , Битола
2. Соjуз на студенти при Економски факултет , Прилеп
3. Соjуз на студенти при Факултет за туризам и угостителство , Охрид
4. Соjуз на студенти при Педагошки факултет, Битола
5. Соjуз на студенти при Биотехнички факултет , Битола
6. Соjуз на студенти при Висока медицинска школа , Битола

б)Придружно членство-асоциjациjа

Член 19
Студентските организации кои не можат да бидат конститутивни членки и нестудентските организации кои во принцип се слагаат со целите на Соjузот или кои имаат специфични интереси заеднички со Соjузот можат да станат организации во асоциjациjа со Соjузот.

2.ИНДИВИДУАЛНО ЧЛЕНСТВО

Член 24

Индивидуалното членство е ограничено на:

Редовните студенти кои се членови на конститутивен член на Соjузот. Редовни студенти на факултетите и вишите школи при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола на кои не делува ниту еден конститутивен член.

Редовни студенти на факултетите и вишите школи при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола , во случаj да конститутивниот член не ги застапува во потполност сите студенти

Почесно членство кое се доделува на поединци кои со своите активности го помагаат Соjузот или деjствуваат на остварување на целите на Соjузот. Почесно доживотно членство со акламациjа на делегатите на Собранието.

Органи на Соjуз на студенти при Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола се:

1.СОБРАНИЕ НА СОJУЗОТ
2.ИЗВРШЕН ОДБОР НА СОJУЗОТ
3.ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОJУЗОТ
4.КОНТРОЛЕН ОДБОР
5.СЕКТОРИ

Од член 26 до член 52 се дефинирани надлежностите, правата и обврските на Органите на Соjузот на студенти

1.СОБРАНИЕ НА СОJУЗОТ

Член 26

Собранието на Соjузот е претставнички орган на членовите на Соjузот и наjвисок орган на одлучување.

Член 29

Делегатите се избираат на начин и постапка утврдена со општ акт што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот броj на делегати во Собранието.

Член 31

Собранието на Соjузот е надлежно за севкупната работа на Соjузот , а особено за :

-Усвоjување на годишен извештаj на Соjузот

-Определување на основните програмски активности

-Усвоjување на статут на Соjузот и негови измени и дополнувања

-Одлучување за предлог буџетот на Соjузот

-Основа фондови и одлучува за нивно укинување

-Донесување перспективен , годишен и периодичен план за работа и финансиски план

-Jа усвоjува завршната сметка на Соjузот

-Верифицира избор на Претседател на Соjузот

-Избира подпретседатели на Соjузот

-Избира членови на Извршниот одбор

-Одлучува за зачленување во регионални и меѓународни организации

-Распишува избори за делегати и избори за Претседател на Соjузот

-Одлучува за престанок на работа на Соjузот

-Донесува деловник за работа под своjа надлежност

-Врши и други работи што со актите ќе му бидат ставени на надлежност

 

2.ИЗВРШЕН ОДБОР НА СОJУЗОТ

Член 34

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието на Соjузот , коj наjмалку брои седум члена.

Сите права и обврски Извршниот одбор ги врши врз основа на Статутот и други акти на Соjузот.


Член 36

Извршниот одбор ги има следните права и обврски:
-предлага донесување и подготвување нацрти и предлози на општите акти

-Ги спроведува одлуките , заклучоците и други акти на Собранието

-Именува и разрешува функционери и раководни лица во рамките на надлежностите утврдени со општи акти

-Ги собира и распределува материjалните средства

-Донесува одлука за формирање комисии, други тела и jа насочува нивната работа
-Донесува одлуки за награди , пофалници и признаниjа

-Донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства за работа на Соjузот , за печатење на стручна литература и други потреби

-Одлучува за службени патувања во странство

-Извршува и други задолжениjа кои произлегуваат од интересот на членовите на Соjузот.

3.ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОJУЗОТ

Член 41

Претседателот на Соjузот своите права и должности ги врши врз основа на Статутот и други акти.

Член 45

Претседателот на Соjузот ги има следните права и обврски:

-Ги организира и усогласува активностите на Соjузот

-Предлага финансиски план и мерки за спроведување

-Предлага членови на Извршниот одбор

-Ги свикува и председава со седниците на Собранието и Извршниот одбор , со право на одлучување

-Други права и обврски кои со посебен правен акт ќе ги утврди Собранието на Соjузот

Член 46

Претседателот има право и должност да запре од извршување акт на органите на Соjузот и на органите на здружените соjузи за кои смета дека е спротивен на законот или акт на Сојузот и за тоа ќе го извести Собранието на Соjузот или Извршниот одбор на Соjузот , односно надлежниот орган на државата.

 


4.КОНТРОЛЕН ОДБОР

Член 49

Контролниот одбор брои 3 (три) члена , што од редот на своите делегати ги избира Собранието на Соjузот.

Контролниот одбор наjмалку еднаш годишно го прегледува материjалното работење на состоjбата на органите на Соjузот и за тоа го известува Собранието на Соjузот.

 

5.СЕКТОРИ

Член 50

Соjузот оснива сектори , со задача да информираат , проучуваат и ги припремаат ставовите на Соjузот.

Организациjата и работата на секторите се одредува со општ акт на Собранието коj се донесува со мнозинство од вкупниот броj делегати.

Член 51

Секретар на сектор е член на Извршен одбор.

 

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

Член 53

Органите на Соjузот се обврзуваат да обезбедат систем на информирање со коj секоj член ќе биде запознаен со целокупното работење на Соjузот.

Сите акти на Соjузот се обjавуваат.


Член 54

Седниците се отворени за jавноста и на нив можат да присуствуваат гости , заинтересирани лица кои можат да придонесат со своjата стручност и искуство во работата на Соjузот , како и претставници за jавно информирање.

Седниcите можат да бидат затворени , во случаи утврдени со деловникот за работа на соодветниот орган.

Органите на Соjузот можат да организираат Прес конференциjа и да имаат свои информативни гласила.

АКТИ НА СОJУЗОТ

Член 55

Соjузот донесува Статут , правилници , деловници , одлуки , решениjа , заклучоци и други акти.

Со правилниците и одлуките се регулираат прашања за кои со закон или со овоj Статут е предвидено да се регулираат со општ акт.

Член 56
Актите на Соjузот влегуваат во сила веднаш по нивното донесување.